рачен

Придавка

Значење на рачен:

1. Што се однесува на рака. Рачни зглобови. Рачни коски.

2. Што е наменет за рака или е во некаква врска со рака. Рачен часовник. Рачен багаж. Рачна батерија. Рачна торба.

3. Што се извршува, се произведува со помош на рака, не е машински или автоматски. Рачно молзење. Рачно производство. Рачна работа. Рачна изработка. Рачно копање. Рачно прашење.

4. Што се пушта во дејство со помош на рака. Рачна машина. Рачна бомба. Рачна граната.

Членувана форма: рачниот.

Изведени зборови:

  • рачно, прил. кон зн. 3. Тие изработуваат рачно везови од македонските носии. Денеска малку се работи рачно, сè е машински.

Фразеолошки израз / поговорка:

Рачна аптека ‒ збир од основни лекови потребни за мали интервенции; обично подвижна аптека, чанта со неопходни лекови за потребите на интервентна помош или за патронажна служба и сл.

Оригинални податоци:

рачен, рачниот прид. 1. Што се однесува на рака. Рачни зглобови. Рачни коски. 2. Што е наменет за рака или е во некаква врска со рака. Рачен часовник. Рачен багаж. Рачна батерија. Рачна торба. 3. Што се извршува, се произведува со помош на рака, не е машински или автоматски. Рачно молзење. Рачно производство. Рачна работа. Рачна изработка. Рачно копање. Рачно прашење. 4. Што се пушта во дејство со помош на рака. Рачна машина. Рачна бомба. Рачна граната. ‖ рачно прил. кон зн. 3. Тие изработуваат рачно везови од македонските носии. Денеска малку се работи рачно, сè е машински. ◊ Рачна аптека ‒ збир од основни лекови потребни за мали интервенции; обично подвижна аптека, чанта со неопходни лекови за потребите на интервентна помош или за патронажна служба и сл.