рачка

Именка, женски род

Значење на рачка:

1. Дел од предмет што се држи со рака при носење, кревање или употреба на предметот; дршка Секира со нова дрвена рачка. Чанта со долги рачки. Рачките на комодата беа позлатени. Го удри со рачката на револверот. Рачка на брава. Долга рачка. Рачка од метла. Метла со куса рачка. Тава со долга рачка.

2. Тенок израсток на гранка на кој се држи листот, цветот или плодот; дршка 2. Рачки од пиперки. Рачки од цреши.

Множина: рачки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Наоѓа (прави) рачки ‒ создава непотребни забелешки, маани, недостатоци, причина за расправија; непотребно се кара.

Оригинални податоци:

рачка, мн. рачки ж. 1. Дел од предмет што се држи со рака при носење, кревање или употреба на предметот; сп. дршка 1. Секира со нова дрвена рачка. Чанта со долги рачки. Рачките на комодата беа позлатени. Го удри со рачката на револверот. Рачка на брава. Долга рачка. Рачка од метла. Метла со куса рачка. Тава со долга рачка. 2. Тенок израсток на гранка на кој се држи листот, цветот или плодот; сп. дршка 2. Рачки од пиперки. Рачки од цреши. ◊ Наоѓа (прави) рачки ‒ создава непотребни забелешки, маани, недостатоци, причина за расправија; непотребно се кара.