рационален

Придавка

Значење на рационален:

1. Што е разумен, што е заснован врз разум. Рационален план. Рационален начин. Рационално решение. Рационална потрошувачка 2. а) Што е добро обмислен, целисходен, практичен (за предмет, за направа и сл.). Рационална градба. б) Што е штедлив, економичен, умерен во трошење пари, енергија, материјал и сл. Рационална личност. Рационален соработник. Рационален човек.

Членувана форма: рационалниот.

Изведени зборови:

  • рационално, прил. Разумно, наменски, свесно. Тие ги трошеа парите рационално. Рационално го троши времето.
  • рационалност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Рационален број ‒ број што може да се претстави како количник на цели броеви; реален број што се јавува како однос меѓу два цели броја каде што вториот не е нула.

Оригинални податоци:

рационален, рационалниот прид. 1. Што е разумен, што е заснован врз разум. Рационален план. Рационален начин. Рационално решение. Рационална потрошувачка 2. а) Што е добро обмислен, целисходен, практичен (за предмет, за направа и сл.). Рационална градба. б) Што е штедлив, економичен, умерен во трошење пари, енергија, материјал и сл. Рационална личност. Рационален соработник. Рационален човек. ◊ Рационален број ‒ број што може да се претстави како количник на цели броеви; реален број што се јавува како однос меѓу два цели броја каде што вториот не е нула. ‖ рационално прил. Разумно, наменски, свесно. Тие ги трошеа парите рационално. Рационално го троши времето. ‖ рационалност ж.