рационализам

Именка, машки род

Филозофија.

Само во еднина.

Значење на рационализам:

1. Филозофско сфаќање според кое човековиот разум има безгранична моќ. Рационализмот има свои претходници, приврзаници и следбеници.

2. Дел од теоријата на познанието според кој разумот (мислата, познанието) е единствен извор на вистинското знаење и е дадено и изразено само во нашиот ум, интелект. Рационализмот го дава клучното толкување на теоријата на познанието.

3. Разумен, обмислен, свесен однос кон животот и во однесувањето на луѓето. Тој поседува таков рационализам што ги плени присутните.

Членувана форма: рационализмот.

Оригинални податоци:

рационализам, рационализмот (само едн.) м. (филоз.) 1. Филозофско сфаќање според кое човековиот разум има безгранична моќ. Рационализмот има свои претходници, приврзаници и следбеници. 2. Дел од теоријата на познанието според кој разумот (мислата, познанието) е единствен извор на вистинското знаење и е дадено и изразено само во нашиот ум, интелект. Рационализмот го дава клучното толкување на теоријата на познанието. 3. Разумен, обмислен, свесен однос кон животот и во однесувањето на луѓето. Тој поседува таков рационализам што ги плени присутните.