радост

Именка, женски род

Значење на радост:

1. Чувство на среќа, задоволство и добро расположение предизвикано од некој успех, пријатен настан и сл. Браќата плачеа од радост. Не знаеше што да прави од радост. Животна радост.

2. Нешто (настан, предмет и сл.) што предизвикува задоволство, среќа, веселост. Ние си имаме радост во куќава. За да им направи радост на децата, таа го покани на ручек. Добивањето на виолината за него беше најголема радост.

Множина: радости.

Оригинални податоци:

радост, мн. радости ж. 1. Чувство на среќа, задоволство и добро расположение предизвикано од некој успех, пријатен настан и сл. Браќата плачеа од радост. Не знаеше што да прави од радост. Животна радост. 2. Нешто (настан, предмет и сл.) што предизвикува задоволство, среќа, веселост. Ние си имаме радост во куќава. За да им направи радост на децата, таа го покани на ручек. Добивањето на виолината за него беше најголема радост.