рафал

Именка, машки род

Значење на рафал:

1. Зачестена стрелба едноподруго, испукувања без прекини од автоматско огнено оружје. Цела ноќ се слушаа рафали. Рафалот го покоси и тој падна. Рафалот го погоди во раката.

2. (прен.) Брза, испрекината низа од мисли, зборови и сл. Рафал од зборови. Рафал од прашања. Рафал во душата.

Множина: рафали.

Оригинални податоци:

рафал, мн. рафали м. 1. Зачестена стрелба едноподруго, испукувања без прекини од автоматско огнено оружје. Цела ноќ се слушаа рафали. Рафалот го покоси и тој падна. Рафалот го погоди во раката. 2. (прен.) Брза, испрекината низа од мисли, зборови и сл. Рафал од зборови. Рафал од прашања. Рафал во душата.