рај

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на рај:

1. (рел.) Прекрасно место каде што по смртта престојуваат душите на чесните и праведните. Праведните и чесните ќе се најдат во рајот. Гласници на рајот.

2. (прен.) Прекрасно, убаво, безбедно место со добри услови за живот. Овие острови се рај. Затворен во својот мал рај, тој се оддели од сите. Животот ѝ стана рај. Рај за гладните.

3. (прен.) Чувство на задоволство, милина. Таа е рај за очите. Не го заборавам рајот што го доживеав на патувањето.

Фразеолошки израз / поговорка:

Животот му е рај ‒ се чувствува прекрасно, живее во благодет, има убав живот. Рај на душата ‒ уживање, задоволство. Си прави рај на душата ‒ си живее во благодет, си прави задоволства, живее како што сака.

Оригинални податоци:

рај (само едн.) м. 1. (рел.) Прекрасно место каде што по смртта престојуваат душите на чесните и праведните. Праведните и чесните ќе се најдат во рајот. Гласници на рајот. 2. (прен.) Прекрасно, убаво, безбедно место со добри услови за живот. Овие острови се рај. Затворен во својот мал рај, тој се оддели од сите. Животот ѝ стана рај. Рај за гладните. 3. (прен.) Чувство на задоволство, милина. Таа е рај за очите. Не го заборавам рајот што го доживеав на патувањето. ◊ Животот му е рај ‒ се чувствува прекрасно, живее во благодет, има убав живот. Рај на душата ‒ уживање, задоволство. Си прави рај на душата ‒ си живее во благодет, си прави задоволства, живее како што сака.