рајатин

Именка, машки род

Архаизам.

Значење на рајатин:

Покорен, потчинет христијанин во Турското Царство. Вреден рајатин. Чесен рајатин. Се собрале ем Турци ем рајати.

Множина: рајати.

Изведени зборови:

  • рајатски, прил. Живееле рајатски, а умирале храбро.
  • рајатски, прид. рајатскиот Рајатски маки. Рајатски живот. Рајатско село.

Оригинални податоци:

рајатин, мн. рајати м. (арх.) Покорен, потчинет христијанин во Турското Царство. Вреден рајатин. Чесен рајатин. Се собрале ем Турци ем рајати. ‖ рајатски, рајатскиот прид. Рајатски маки. Рајатски живот. Рајатско село. ‖ рајатски прил. Живееле рајатски, а умирале храбро.