рак 1

Именка, машки род

Значење на рак:

1. (зоол.) Вид водно животно, заштитено со раковина, со издолжени делови од телото ‒ краци, живее во слатка и во солена вода. Морски рак. Речен рак. Раковите имаат многу вкусно месо. Ловеа риби и фаќаа ракови.

2. а) Соѕвездие во Зодијакот. б) Зодијачки знак, воден хороскопски знак од 22 јуни до 21 јули во годината. Раковите имаат среќа оваа недела.

Множина: ракови.

Алтернативно: раци

Изведени зборови:

  • ракче, и. ср. дем.
  • рачиште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Работата оди како ракот ‒ оди наназад, не напредува. Ниту риба ниту рак ‒ нешто неопределено.

Оригинални податоци:

рак1, мн. ракови и раци м. 1. (зоол.) Вид водно животно, заштитено со раковина, со издолжени делови од телото ‒ краци, живее во слатка и во солена вода. Морски рак. Речен рак. Раковите имаат многу вкусно месо. Ловеа риби и фаќаа ракови. 2. а) Соѕвездие во Зодијакот. б) Зодијачки знак, воден хороскопски знак од 22 јуни до 21 јули во годината. Раковите имаат среќа оваа недела. ◊ Работата оди како ракот ‒ оди наназад, не напредува. Ниту риба ниту рак ‒ нешто неопределено. ‖ ракче, мн. ракчиња ср. дем. ‖ рачиште, мн. рачишта ср. аугм.