рака

Именка, женски род

Значење на рака:

1. Еден од горните екстремитети на човечкото тело, делот од прстите до горниот раменски зглоб. Десна рака. Лева рака. Момчето си ја повреди раката. Ме фати за рака. Децата високо ги креваа рацете.

2. Крајниот дел од горниот екстремитет, од рачниот зглоб до врвовите на прстите, делот со кој се фаќа и се работи, дланка, шепа. Тријте со раката. Таа го масираше со двете раце. Во знак на поздрав му ја стегна раката. Тој ѝ ја бакна раката.

3. Како мерка за количество колку што опфаќа големина на една просечна рака. Во филот се става една рака ореви. Таа му даде две раце цреши. Една рака ориз.

4. Работа, вложен труд, умеење на човекот во изработка на нешто. И трета рака го мина со боја за да обели. Овие творби минале низ вештите раце на работничките. Кристалот се обработува од вештите раце на граверите. Оваа облека минува низ многу раце. Тој има таква рака за готвење, до раката е јадењето. Лесно ќе се познае раката на уметникот според големината на делото.

5. Фаза, етапа при берење или при обработка на нешто. Ја обравме првата рака на тутунот. Овие смокви се трета рака.

6. Помош, поткрепа. Потребна е рака што ќе го води семејството.

Множина: раце.

Изведени зборови:

  • раче, и. ср. дем.
  • рачиште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Во некоја рака ‒ некако, на некаков начин. Во најмала рака ‒ најнакрај, најпосле. Цврста рака ‒ строгост, моќ, дисциплина. Лева рака ‒ 1. неспособен, несмасен. 2. краде. Десна рака ме јаде ‒1. ќе дава пари. 2. се лути и ќе се тепа со некого. Лесна рака ‒ 1. способен е, сè што ќе започне успешно завршува. 2. привлекува и други каде што ќе започне со некаква работа. Тешка рака ‒ силно удира. Божја рака ‒ судбина, нешто подредено од повисоки сили. Железна рака ‒ строга дисциплина, строгост. Долга рака ‒ лакомост. На брза рака ‒ набрзина. Му фаќа раката ‒ краде. Му оди (појде, иде) од рака ‒ има способност, способен е, го бидува, успешно ги извршува работите. Стави рака на нешто ‒ наметне своја контрола врз некого. Држи в рака ‒ зависен е од некого, некој го уценува. Држи конци во своја рака ‒ има моќ. Оди од рака на рака ‒ се предава, се пренесува од еден на друг. Од раката му (ми, ти...) јаде ‒ послушен е и станал зависен. Рака за (под) рака ‒ заедно, здружено. Побара рака ‒ бара за жена. Рака дава ‒ се колне, ветува Златни раце ‒ многу е вреден и успешен. Си ги искрвави рацете ‒ се обесчести, стори нешто незаконско и неморално. Остане со празни раце ‒ остане без ветеното, без очекуваното. Две леви раце ‒ неспособност за работа. Чисти раце ‒ чесен, чесност. Врзани раце ‒ немоќ. Со голи раце ‒ голорак, неподготвен со соодветни средства и за соодветна ситуација. Вистински раце ‒ на вистинско место, кај некој што е заслужен. Мие раце ‒ избегнува, отфрла одговорност. Крене раце ‒ се откаже, се предаде. Падне в раце ‒ се потчини, се стави под нечија моќ.

Оригинални податоци:

рака, мн. раце ж. 1. Еден од горните екстремитети на човечкото тело, делот од прстите до горниот раменски зглоб. Десна рака. Лева рака. Момчето си ја повреди раката. Ме фати за рака. Децата високо ги креваа рацете. 2. Крајниот дел од горниот екстремитет, од рачниот зглоб до врвовите на прстите, делот со кој се фаќа и се работи, дланка, шепа. Тријте со раката. Таа го масираше со двете раце. Во знак на поздрав му ја стегна раката. Тој ѝ ја бакна раката. 3. Како мерка за количество колку што опфаќа големина на една просечна рака. Во филот се става една рака ореви. Таа му даде две раце цреши. Една рака ориз. 4. Работа, вложен труд, умеење на човекот во изработка на нешто. И трета рака го мина со боја за да обели. Овие творби минале низ вештите раце на работничките. Кристалот се обработува од вештите раце на граверите. Оваа облека минува низ многу раце. Тој има таква рака за готвење, до раката е јадењето. Лесно ќе се познае раката на уметникот според големината на делото. 5. Фаза, етапа при берење или при обработка на нешто. Ја обравме првата рака на тутунот. Овие смокви се трета рака. 6. Помош, поткрепа. Потребна е рака што ќе го води семејството. ◊ Во некоја рака ‒ некако, на некаков начин. Во најмала рака ‒ најнакрај, најпосле. Цврста рака ‒ строгост, моќ, дисциплина. Лева рака ‒ 1. неспособен, несмасен. 2. краде. Десна рака ме јаде ‒1. ќе дава пари. 2. се лути и ќе се тепа со некого. Лесна рака ‒ 1. способен е, сè што ќе започне успешно завршува. 2. привлекува и други каде што ќе започне со некаква работа. Тешка рака ‒ силно удира. Божја рака ‒ судбина, нешто подредено од повисоки сили. Железна рака ‒ строга дисциплина, строгост. Долга рака ‒ лакомост. На брза рака ‒ набрзина. Му фаќа раката ‒ краде. Му оди (појде, иде) од рака ‒ има способност, способен е, го бидува, успешно ги извршува работите. Стави рака на нешто ‒ наметне своја контрола врз некого. Држи в рака ‒ зависен е од некого, некој го уценува. Држи конци во своја рака ‒ има моќ. Оди од рака на рака ‒ се предава, се пренесува од еден на друг. Од раката му (ми, ти...) јаде ‒ послушен е и станал зависен. Рака за (под) рака ‒ заедно, здружено. Побара рака ‒ бара за жена. Рака дава ‒ се колне, ветува Златни раце ‒ многу е вреден и успешен. Си ги искрвави рацете ‒ се обесчести, стори нешто незаконско и неморално. Остане со празни раце ‒ остане без ветеното, без очекуваното. Две леви раце ‒ неспособност за работа. Чисти раце ‒ чесен, чесност. Врзани раце ‒ немоќ. Со голи раце ‒ голорак, неподготвен со соодветни средства и за соодветна ситуација. Вистински раце ‒ на вистинско место, кај некој што е заслужен. Мие раце ‒ избегнува, отфрла одговорност. Крене раце ‒ се откаже, се предаде. Падне в раце ‒ се потчини, се стави под нечија моќ. ‖ раче, мн. рачиња ср. дем. ‖ рачиште, мн. рачишта ср. аугм.