ракав

Именка, машки род

Значење на ракав:

1. Дел од облеката што покрива дел од раката или целата рака без дланката со прстите. Куси ракави. Долги ракави. Тесни ракави. Широки ракави. Подвиткани ракави. Везени ракави. Фустан без ракави.

2. Дел од речен тек што е одделен од главниот тек, особено кај речните делти на некои големи реки пред да се влеат во поголема водна површина. На брегот на едниот ракав на Нил седеа деца и си играа. Двата речни ракави го оградуваат малиот остров.

Множина: ракави.

Изведени зборови:

  • ракавче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Како од ракав ‒ кажано, сторено нешто со голема брзина, со леснотија. Истресено од ракав ‒ сторено или кажано нешто непромислено. Засука ракави ‒ почне да работи засилено, брзо, стане вреден. Чува нешто во ракавот ‒ чува нешто за да си помогне во краен случај. Вади нешто (џокер, адут) од ракавот ‒ обзнанува клучен аргумент што бил затскриван за да може да се употреби во важен момент.

Оригинални податоци:

ракав, мн. ракави м. 1. Дел од облеката што покрива дел од раката или целата рака без дланката со прстите. Куси ракави. Долги ракави. Тесни ракави. Широки ракави. Подвиткани ракави. Везени ракави. Фустан без ракави. 2. Дел од речен тек што е одделен од главниот тек, особено кај речните делти на некои големи реки пред да се влеат во поголема водна површина. На брегот на едниот ракав на Нил седеа деца и си играа. Двата речни ракави го оградуваат малиот остров. ◊ Како од ракав ‒ кажано, сторено нешто со голема брзина, со леснотија. Истресено од ракав ‒ сторено или кажано нешто непромислено. Засука ракави ‒ почне да работи засилено, брзо, стане вреден. Чува нешто во ракавот ‒ чува нешто за да си помогне во краен случај. Вади нешто (џокер, адут) од ракавот ‒ обзнанува клучен аргумент што бил затскриван за да може да се употреби во важен момент. ‖ ракавче мн. ракавчиња ср. дем.