ракавица

Именка, женски род

Значење на ракавица:

Дел од облеката што служи за заштита на рацете, на дланката и на прстите. Волнени ракавици. Долги и куси ракавици. Заштитни ракавици. Гумени ракавици. Ја изгубив едната ракавица.

Множина: ракавици.

Изведени зборови:

  • ракавичка, и. ж. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Прими фрлена ракавица ‒ доживее директна навреда. Прими ракавица ‒ прифати предизвикување. Работи во ракавици ‒ врши некоја дејност со големо внимание, работи со предострожност и затскриено. Зборува во ракавици ‒ зборува во завиткана форма, со заобиколување, не директно, јасно. Роден во бели ракавици ‒ има аристократско потекло. Фрли ракавица (некому) ‒ предизвика некого.

Оригинални податоци:

ракавица, обично во мн. ракавици ж. Дел од облеката што служи за заштита на рацете, на дланката и на прстите. Волнени ракавици. Долги и куси ракавици. Заштитни ракавици. Гумени ракавици. Ја изгубив едната ракавица. ◊ Прими фрлена ракавица ‒ доживее директна навреда. Прими ракавица ‒ прифати предизвикување. Работи во ракавици ‒ врши некоја дејност со големо внимание, работи со предострожност и затскриено. Зборува во ракавици ‒ зборува во завиткана форма, со заобиколување, не директно, јасно. Роден во бели ракавици ‒ има аристократско потекло. Фрли ракавица (некому) ‒ предизвика некого. ‖ ракавичка, мн. ракавички ж. дем.