ракета 1

Именка, женски род

Значење на ракета:

1. а) (воен.) Експлозивно тело со разорна моќ, проектил. Атомските ракети се свртени кон небото. Во подморницата има сто атомски ракети. Најновите ракети имаат силна разорна моќ. Ракета земја ‒ воздух. б) Вид граната што експлодира во воздух и дава светлина. Сигнална ракета. Светлосна ракета. Запалива ракета. Правеле огномет со ракети.

2. Вид летало на реактивен погон. Вселенска ракета. На небото леташе ракета упатена кон вселената.

Множина: ракети.

Оригинални податоци:

ракета1, мн. ракети ж. 1. а) (воен.) Експлозивно тело со разорна моќ, проектил. Атомските ракети се свртени кон небото. Во подморницата има сто атомски ракети. Најновите ракети имаат силна разорна моќ. Ракета земја ‒ воздух. б) Вид граната што експлодира во воздух и дава светлина. Сигнална ракета. Светлосна ракета. Запалива ракета. Правеле огномет со ракети. 2. Вид летало на реактивен погон. Вселенска ракета. На небото леташе ракета упатена кон вселената.