ракија

Именка, женски род

Значење на ракија:

Алкохолен пијалак што се добива со дестилација на комиње од грозје, овошје, компир или од житни растенија, кога гликозата од овошјето и сл. се претвора во етанол што се раствора со дестилирана вода. Гроздова ракија. Комова ракија. Сливова ракија. Греана ракија. Тој пие само домашна ракија.

Множина: ракии.

Изведени зборови:

  • ракиица, и. ж. мн. ракиици, ракиичка, мн. ракиички, ракијка, мн. ракијки ; ракииче, мн. ракиичиња и ракивче, мн. ракивчиња ср. дем. и хип.; ракииште, мн. ракиишта ср. пејор.

Фразеолошки израз / поговорка:

Блага ракија ‒ првиот ден по свадбата како симбол за почеток на заедничко живеење. Лута ракија ‒ ракија со голем процент алкохол.

Оригинални податоци:

ракија, мн. ракии ж. Алкохолен пијалак што се добива со дестилација на комиње од грозје, овошје, компир или од житни растенија, кога гликозата од овошјето и сл. се претвора во етанол што се раствора со дестилирана вода. Гроздова ракија. Комова ракија. Сливова ракија. Греана ракија. Тој пие само домашна ракија. ◊ Блага ракија ‒ првиот ден по свадбата како симбол за почеток на заедничко живеење. Лута ракија ‒ ракија со голем процент алкохол. ‖ ракиица, мн. ракиици, ракиичка, мн. ракиички, ракијка, мн. ракијки ж.; ракииче, мн. ракиичиња и ракивче, мн. ракивчиња ср. дем. и хип.; ракииште, мн. ракиишта ср. пејор.