ракоделство

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на ракоделство:

1. Рачен труд, обично женска рачна работа (плетење, везење и сл.). Ракоделството се насочи кон културното фолклорно наследство и кон традицијата.

2. Рачно изработен предмет или предмети. Овие предмети се ракоделство на неколку жени од селото што ја негуваат традицијата.

Оригинални податоци:

ракоделство (само едн.) ср. 1. Рачен труд, обично женска рачна работа (плетење, везење и сл.). Ракоделството се насочи кон културното фолклорно наследство и кон традицијата. 2. Рачно изработен предмет или предмети. Овие предмети се ракоделство на неколку жени од селото што ја негуваат традицијата.