раководство

Именка, среден род

Значење на раководство:

1. (само едн.) Насока, упатство, прирачник, поставени правила според кои треба да се постапува. Раководство за работа. Наставникот им остави раководство за часот.

2. Раководен тим, управа, раководно тело. Раководството се состанува неколку пати во месецот. Сите досегашни раководства беа составени од мажи. Сите наредби доаѓаа од раководството. Тој го пренесе ставот од раководството.

3. Дејност на раководен орган, раководење. Неговото раководство пречело некому. Младата фудбалска репрезентација е под негово раководство. Институтот е под нејзино раководство. Под негово раководство царства се рушеле.

Множина: раководства.

Оригинални податоци:

раководство, мн. раководства ср. 1. (само едн.) Насока, упатство, прирачник, поставени правила според кои треба да се постапува. Раководство за работа. Наставникот им остави раководство за часот. 2. Раководен тим, управа, раководно тело. Раководството се состанува неколку пати во месецот. Сите досегашни раководства беа составени од мажи. Сите наредби доаѓаа од раководството. Тој го пренесе ставот од раководството. 3. Дејност на раководен орган, раководење. Неговото раководство пречело некому. Младата фудбалска репрезентација е под негово раководство. Институтот е под нејзино раководство. Под негово раководство царства се рушеле.