рало

Именка, среден род

Значење на рало:

1. Земјоделско орудие за орање, обично изработено од дрво. Дрвените рала сè уште се употребуваат во планинските предели. Тој ги зеде ралото и воловите и почна да ора.

2. Мерка за површина што може да се изора за еден ден. Изора две рала земја. Само едно рало земја му остана.

3. Соѕвездието Орион во кое ѕвездите се наредени во вид на ралица.

4. Пар, чифт, обично за облека и за обувки; пар_1_2 Таа има седум рала златни обетки. Исплете две рала чорапи. Едно рало панталони. Две рала чевли. Пет рала очила. Две рала свирки и тапани.

Множина: рала.

Изведени зборови:

  • ралце, и. ср. Дем. и хип. од рало 1, 2, 4.

Фразеолошки израз / поговорка:

Деветмина браќа со едно рало гаќи ‒ голема сиромаштија.

Оригинални податоци:

рало, мн. рала ср. 1. Земјоделско орудие за орање, обично изработено од дрво. Дрвените рала сè уште се употребуваат во планинските предели. Тој ги зеде ралото и воловите и почна да ора. 2. Мерка за површина што може да се изора за еден ден. Изора две рала земја. Само едно рало земја му остана. 3. Соѕвездието Орион во кое ѕвездите се наредени во вид на ралица. 4. Пар, чифт, обично за облека и за обувки; сп. пар 1 и 2. Таа има седум рала златни обетки. Исплете две рала чорапи. Едно рало панталони. Две рала чевли. Пет рала очила. Две рала свирки и тапани. ‖ ралце, мн. ралца ср. Дем. и хип. од рало 1, 2, 4. ◊ Деветмина браќа со едно рало гаќи ‒ голема сиромаштија.