рамен

Придавка

Значење на рамен:

1. Што е без височини, ридови и угорнини во вертикална насока, за земја, пат и сл. Рамна месност со мал број жители. Рамна калдрма. Рамни патишта. Рамно место.

2. Мазен. Рамни образи. Рамно чело. Рамна снага. Рамни гради.

3. Прав, без кривини во хоризонтална насока. Садови со рамно дно. Рамна линија. Рамна патека.

4. Ист по размер, височина, димензии, положба и сл., еднаков. Рамна ограда. Рамен чекор. Рамна борба. Рамни тополи.

5. (прен.) а) Ист со другите по статус, положба, значење и сл. Топоним рамен на сложена придавка. Зборови рамни на клетви. б) Што е ист, што не е поинаков, еднаков. Рамен на своите врсници. Само тој ѝ е рамен по убавината. Нему му нема рамен.

6. (прен.) Спокоен, едноличен, без емоции. Рамен глас.

Членувана форма: рамниот.

Изведени зборови:

  • рамно, прил. 1. Еднакво, исто. Два и два се рамно четири. Тоа е рамно на пораз. 2. Еднолично, директно, право. Зборува одмерено и рамно. Тој ѝ зборуваше рамно во очи.

Фразеолошки израз / поговорка:

На рамна нога (со некого) ‒ еднаков, со исти знаења, можности итн. Сè му е рамно ‒ сеедно му е.

Оригинални податоци:

рамен, рамниот прид. 1. Што е без височини, ридови и угорнини во вертикална насока, за земја, пат и сл. Рамна месност со мал број жители. Рамна калдрма. Рамни патишта. Рамно место. 2. Мазен. Рамни образи. Рамно чело. Рамна снага. Рамни гради. 3. Прав, без кривини во хоризонтална насока. Садови со рамно дно. Рамна линија. Рамна патека. 4. Ист по размер, височина, димензии, положба и сл., еднаков. Рамна ограда. Рамен чекор. Рамна борба. Рамни тополи. 5. (прен.) а) Ист со другите по статус, положба, значење и сл. Топоним рамен на сложена придавка. Зборови рамни на клетви. б) Што е ист, што не е поинаков, еднаков. Рамен на своите врсници. Само тој ѝ е рамен по убавината. Нему му нема рамен. 6. (прен.) Спокоен, едноличен, без емоции. Рамен глас. ◊ На рамна нога (со некого) ‒ еднаков, со исти знаења, можности итн. Сè му е рамно ‒ сеедно му е. ‖ рамно прил. 1. Еднакво, исто. Два и два се рамно четири. Тоа е рамно на пораз. 2. Еднолично, директно, право. Зборува одмерено и рамно. Тој ѝ зборуваше рамно во очи.