рамка

Именка, женски род

Значење на рамка:

1. Посебно изработена летвичка, метална или пластична лајсна со која се опкружува по рабовите и се заштитува нешто (слика, огледало, стаклена површина, очила итн.). Сребрена рамка. Дрвена рамка. Огледало во рамка. Фотографии во убави рамки. Сребрени рамки за очила. Очила со црни рамки.

2. (обично во мн.) Граница, лимит, опсег, опфат, округ до каде може да се развива или да опстојува нешто. Нашата моќ може да се движи во тие рамки. Во рамките на нашите можности. Во рамките на манифестацијата имаше изложба. Во рамките на прославата. Поставена е рамката во која може да се прават отстапки. Во рамките на законот. Национални рамки. Широка рамка. Политичка рамка. Временска рамка. Во рамките на нашата држава.

3. Дел од машина. Рамката на комбајнот претставува помошен дел врз кој се монтираат сите делови. Рамка на плуг.

4. (прен.) Текст, име и сл. обрабено, врамено од сите страни. Неговото име беше означено во црна рамка. Огласот беше обележан во рамка.

Множина: рамки.

Оригинални податоци:

рамка, мн. рамки ж. 1. Посебно изработена летвичка, метална или пластична лајсна со која се опкружува по рабовите и се заштитува нешто (слика, огледало, стаклена површина, очила итн.). Сребрена рамка. Дрвена рамка. Огледало во рамка. Фотографии во убави рамки. Сребрени рамки за очила. Очила со црни рамки. 2. (обично во мн.) Граница, лимит, опсег, опфат, округ до каде може да се развива или да опстојува нешто. Нашата моќ може да се движи во тие рамки. Во рамките на нашите можности. Во рамките на манифестацијата имаше изложба. Во рамките на прославата. Поставена е рамката во која може да се прават отстапки. Во рамките на законот. Национални рамки. Широка рамка. Политичка рамка. Временска рамка. Во рамките на нашата држава. 3. Дел од машина. Рамката на комбајнот претставува помошен дел врз кој се монтираат сите делови. Рамка на плуг. 4. (прен.) Текст, име и сл. обрабено, врамено од сите страни. Неговото име беше означено во црна рамка. Огласот беше обележан во рамка.