рамнина

Именка, женски род

Значење на рамнина:

1. Земјина површина, предел без ридови и долови или со ненагласена брановидна почва. Котлинска рамнина. Плодна рамнина. Песочна рамнина. Водна рамнина. Зелена рамнина.

2. (мат.) Неограничена рамна површина, еден вид неограничена плоштина. Нацртајте две прави во рамнината А.

Множина: рамнини.

Изведени зборови:

  • рамнински, прид. рамнинскиот

Оригинални податоци:

рамнина, мн. рамнини ж. 1. Земјина површина, предел без ридови и долови или со ненагласена брановидна почва. Котлинска рамнина. Плодна рамнина. Песочна рамнина. Водна рамнина. Зелена рамнина. 2. (мат.) Неограничена рамна површина, еден вид неограничена плоштина. Нацртајте две прави во рамнината А. ‖ рамнински, рамнинскиот прид.