рамномерен

Придавка

Значење на рамномерен:

Што е постојан, еднаков, ист, одмерен во некаков однос. Рамномерен чекор. Рамномерни удари. Рамномерно трепкање. Рамномерен развиток. Рамномерно движење.

Членувана форма: рамномерниот.

Изведени зборови:

  • рамномерно, прил. Еднакво, одмерено. Одеше и зборуваше рамномерно. Болката се ширеше рамномерно по целото тело.
  • рамномерност, и. ж.

Оригинални податоци:

рамномерен, рамномерниот прид. Што е постојан, еднаков, ист, одмерен во некаков однос. Рамномерен чекор. Рамномерни удари. Рамномерно трепкање. Рамномерен развиток. Рамномерно движење. ‖ рамномерно прил. Еднакво, одмерено. Одеше и зборуваше рамномерно. Болката се ширеше рамномерно по целото тело. ‖ рамномерност ж.