рамнотежа

Именка, женски род

Значење на рамнотежа:

1. Состојба на еднаквост на силите што дејствуваат врз некое тело кога тоа е во мирување, состојба на телата кога сите сили и брзините на моќта на телото ќе станат рамномерни. Телата се наоѓаат во стабилна рамнотежа. Кога на лостот се постигнува рамнотежа, станува збор за иста тежина.

2. Рамномерен однос на сили (економски, политички итн.) што прави да нема надмоќ на едни над други. Рамнотежа меѓу нивните односи. Рамнотежа во преговорите. Рамнотежа на односите во фирмата.

3. Еднаквост на активата и на пасивата на завршна сметка, изедначеност на приходите и на расходите.

4. (прен.) Стабилна состојба на организмот или на материјата кога нешто ја одржува без поткрепа таква и кога спротивставените реакции се во поволен, нормален однос. Тој одржува рамнотежа. Ја менуваше рамнотежата те на едната те на другата страна. Таа не може да држи рамнотежа.

5. (прен.) Усогласување на духовните активности, духовна хармонија, душевно спокојство. Морална рамнотежа. Никој не може да ја наруши неговата духовна рамнотежа. Кај неа има рамнотежа меѓу физичкото и духовното. Овој човек е без духовна рамнотежа.

Множина: рамнотежи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Исфрли (извади) од рамнотежа (некого) ‒ направи некој да изгуби контрола над себе, крајно да се изнервира.

Оригинални податоци:

рамнотежа, мн. рамнотежи ж. 1 Состојба на еднаквост на силите што дејствуваат врз некое тело кога тоа е во мирување, состојба на телата кога сите сили и брзините на моќта на телото ќе станат рамномерни. Телата се наоѓаат во стабилна рамнотежа. Кога на лостот се постигнува рамнотежа, станува збор за иста тежина. 2. Рамномерен однос на сили (економски, политички итн.) што прави да нема надмоќ на едни над други. Рамнотежа меѓу нивните односи. Рамнотежа во преговорите. Рамнотежа на односите во фирмата. 3. Еднаквост на активата и на пасивата на завршна сметка, изедначеност на приходите и на расходите. 4. (прен.) Стабилна состојба на организмот или на материјата кога нешто ја одржува без поткрепа таква и кога спротивставените реакции се во поволен, нормален однос. Тој одржува рамнотежа. Ја менуваше рамнотежата те на едната те на другата страна. Таа не може да држи рамнотежа. 5. (прен.) Усогласување на духовните активности, духовна хармонија, душевно спокојство. Морална рамнотежа. Никој не може да ја наруши неговата духовна рамнотежа. Кај неа има рамнотежа меѓу физичкото и духовното. Овој човек е без духовна рамнотежа. ◊ Исфрли (извади) од рамнотежа (некого) ‒ направи некој да изгуби контрола над себе, крајно да се изнервира.