рамо

Именка, среден род

Значење на рамо:

1. (анат.) Дел од човечкото тело од вратот до горниот крај на раката, надлактицата. Тој го стави палтото на рамо и си замина. Навивачите го кренаа на рамена и го носеа меѓу толпата. Тој го повреди рамото. Со мотика на рамо. Повредено рамо.

2. Дел од предмет поставен под соодветен агол кон основниот дел. Рамото на плугот. Рамото на топот.

Множина: рамена, рамења.

Изведени зборови:

  • раменце, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Рамо за плачење ‒ поткрепа, поддршка, човек на кој можеш да си ги кажеш маките. Рамо до рамо ‒ заедно, здружено, рамноправно. Крева (дига) рамена ‒ не знае или се прави дека не знае нешто. Свие (подвие) рамена ‒ се потчини, попушти. Потчукне по рамо ‒ 1. знак на поддршка, храбрење (меѓу пријатели, другари, блиски); 2. лажна утеха, лажно дава пофалби, покровителско однесување заради придобивање покорност, послушност.

Оригинални податоци:

рамо, мн. рамена, рамења ср. 1. (анат.) Дел од човечкото тело од вратот до горниот крај на раката, надлактицата. Тој го стави палтото на рамо и си замина. Навивачите го кренаа на рамена и го носеа меѓу толпата. Тој го повреди рамото. Со мотика на рамо. Повредено рамо. 2. Дел од предмет поставен под соодветен агол кон основниот дел. Рамото на плугот. Рамото на топот. ◊ Рамо за плачење ‒ поткрепа, поддршка, човек на кој можеш да си ги кажеш маките. Рамо до рамо ‒ заедно, здружено, рамноправно. Крева (дига) рамена ‒ не знае или се прави дека не знае нешто. Свие (подвие) рамена ‒ се потчини, попушти. Потчукне по рамо ‒ 1. знак на поддршка, храбрење (меѓу пријатели, другари, блиски); 2. лажна утеха, лажно дава пофалби, покровителско однесување заради придобивање покорност, послушност. ‖ раменце, мн. раменца ср. дем. и хип.