ран

Придавка

Значење на ран:

1. Што се случува, што е, што се јавува на почетокот на денот. Рано утро. Рана зора.

2. Што претставува почеток на некој временски период, на некаков процес како прв степен во развитокот. Рана младост. Рана пролет. Рано детство. Ран романтизам. Ран среден век. Рана зима.

3. Што се јавува, што пристига прв, што се огласува или се појавува пред сите. Ран зеленчук. Рани цреши. Рано петле. Рано пиле.

4. Предвремен, што се јавува или што се случува пред определеното време. Рано породување. Рана дијагноза. Рана смрт.

Членувана форма: раниот.

Изведени зборови:

  • рано, прил. 1. Во почетокот на денот. Рано наутро. Децата се разбудија рано. 2. Пред или во првиот определен временски термин. Тие рано си легнаа, рано ќе станат. 3. Предвремено. Умре рано. Се омажи рано.

Оригинални податоци:

ран, раниот прид. 1. Што се случува, што е, што се јавува на почетокот на денот. Рано утро. Рана зора. 2. Што претставува почеток на некој временски период, на некаков процес како прв степен во развитокот. Рана младост. Рана пролет. Рано детство. Ран романтизам. Ран среден век. Рана зима. 3. Што се јавува, што пристига прв, што се огласува или се појавува пред сите. Ран зеленчук. Рани цреши. Рано петле. Рано пиле. 4. Предвремен, што се јавува или што се случува пред определеното време. Рано породување. Рана дијагноза. Рана смрт. ‖ рано прил. 1. Во почетокот на денот. Рано наутро. Децата се разбудија рано. 2. Пред или во првиот определен временски термин. Тие рано си легнаа, рано ќе станат. 3. Предвремено. Умре рано. Се омажи рано.