рана 1

Именка, женски род

Значење на рана:

1. Отворена, механичка повреда на ткивата придружена со прекин на интегритетот на кожата, телесна повреда, кај човек или кај животно, со некое оружје, остар предмет или со каснување од некое животно; повреда Површинска рана. Внатрешна рана. Отровна рана. Огнострелна рана. Длабока рана. Преврзани рани. Инфицирани рани. Зараснати рани. Рани по целото тело. Отворени рани. Крвави рани.

2. (прен.) Исеченица, пресечено место кај растение. Раните на стеблата се премачкуваат од едната и од другата страна на калемот. Раните на стеблата се мачкаат со кал.

3. (прен.) Душевна болка, страдање. Таа му остави само рани и тешки спомени. Каде и да одеше, раната со себе ја носеше и не ја забораваше.

4. (поет.) Загуба, штета, пораз. Рано моја непреболена. Татковата куќа, тоа беше мојата рана.

Множина: рани.

Изведени зборови:

  • раничка, и. ж. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Жива рана – 1. отворена рана што не зараснува; 2. голема душевна болка. Лута рана ‒ тешка, неминлива повреда. Отворена рана ‒ болка што не минува; рана што не се лекува. Му отвори рана ‒ му создаде болка, потсети на нешто непријатно, навреди некого. Сол на рана ‒ потсети некого на нешто непријатно, на некаква душевна болка. Мелем на рана ‒ успокои, смири некого, даде некому морална поткрепа. Му отвори рана на срце (во градите) ‒ нанесе душевна болка некому. Отвори стари рани ‒ повторно потсети на заборавени болки и проблеми. Бесна коза, пресна рана ‒ немирно дете што се повредува постојано.

Оригинални податоци:

рана1, мн. рани ж. 1. Отворена, механичка повреда на ткивата придружена со прекин на интегритетот на кожата, телесна повреда, кај човек или кај животно, со некое оружје, остар предмет или со каснување од некое животно; сп. повреда 1. Површинска рана. Внатрешна рана. Отровна рана. Огнострелна рана. Длабока рана. Преврзани рани. Инфицирани рани. Зараснати рани. Рани по целото тело. Отворени рани. Крвави рани. 2. (прен.) Исеченица, пресечено место кај растение. Раните на стеблата се премачкуваат од едната и од другата страна на калемот. Раните на стеблата се мачкаат со кал. 3. (прен.) Душевна болка, страдање. Таа му остави само рани и тешки спомени. Каде и да одеше, раната со себе ја носеше и не ја забораваше. 4. (поет.) Загуба, штета, пораз. Рано моја непреболена. Татковата куќа, тоа беше мојата рана. ◊ Жива рана – 1. отворена рана што не зараснува; 2. голема душевна болка. Лута рана ‒ тешка, неминлива повреда. Отворена рана ‒ болка што не минува; рана што не се лекува. Му отвори рана ‒ му создаде болка, потсети на нешто непријатно, навреди некого. Сол на рана ‒ потсети некого на нешто непријатно, на некаква душевна болка. Мелем на рана ‒ успокои, смири некого, даде некому морална поткрепа. Му отвори рана на срце (во градите) ‒ нанесе душевна болка некому. Отвори стари рани ‒ повторно потсети на заборавени болки и проблеми. Бесна коза, пресна рана ‒ немирно дете што се повредува постојано. ‖ раничка, мн. ранички ж. дем.