подоткрие

Глагол, свршен

Спореди: открие.

Значење на подоткрие:

Открие нешто малку, само донекаде;

Коњугација: (ќе) подоткриев , (ќе) подоткриеја , (ќе) подоткриел, подоткрив , подоткриј , подоткрија , подоткријат , подоткријте , подоткрил .

Изведени зборови:

  • (се) подоткрива, глаг. несв. (се) подоткриваат ‒ повт.
  • се ~ подоткрие, Се открие малку, донекаде. Таа се подоткри малку, беше многу жешко.

Оригинални податоци:

подоткрие, подоткријат; подоткриј, подоткријте; подоткрив, подоткрија; подоткрил; (ќе) подоткриев, (ќе) подоткриеја; (ќе) подоткриел св. Открие нешто малку, само донекаде; сп. открие 1. Мајката го подоткри детето да види дали спие. Ветерот го подоткрил покриениот песок пред куќата. ● се ~ Се открие малку, донекаде. Таа се подоткри малку, беше многу жешко. ‖ (се) подоткрива, (се) подоткриваат несв. ‒ повт.