ранг

Именка, машки род

Значење на ранг:

1. Звање, степен, чин во хиерархија. Висок ранг. Понизок ранг. Ранг на министер.

2. Позиција, положба, категорија, класа, редослед. Спортист од прв ранг. Ресторан од понизок ранг. Хотел од највисок ранг. Уметник од таков ранг немало досега во нашата средина.

Множина: рангови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ранг-листа ‒ список, редослед на имиња и сл. според резултатите од гласање, оценување, успех во натпреварување итн. Нашата песна е прва на ранг‒листата. Тој е прв на ранг‒листата.

Оригинални податоци:

ранг, мн. рангови м. 1. Звање, степен, чин во хиерархија. Висок ранг. Понизок ранг. Ранг на министер. 2. Позиција, положба, категорија, класа, редослед. Спортист од прв ранг. Ресторан од понизок ранг. Хотел од највисок ранг. Уметник од таков ранг немало досега во нашата средина. ◊ Ранг-листа ‒ список, редослед на имиња и сл. според резултатите од гласање, оценување, успех во натпреварување итн. Нашата песна е прва на ранг‒листата. Тој е прв на ранг‒листата.