рангира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на рангира:

Постави, поставува според ранг, определи, определува ранг. Жирито ги рангираше мелодиите и ја избра најдобрата. Учениците беа рангирани според успехот.

Коњугација: рангираат , рангирајќи.

Изведени зборови:

  • рангирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

рангира, рангираат; рангирајќи св. и несв. Постави, поставува според ранг, определи, определува ранг. Жирито ги рангираше мелодиите и ја избра најдобрата. Учениците беа рангирани според успехот. ‖ глаг. им. рангирање ср.