рани 1

Глагол, свршен

Значење на рани:

1. Нанесе некому рана. Неа ја ранија во десната рака. Тие смртно го ранија момчето.

2. (прен.) Причини некому душевна болка, страдање. Постојаните неверства ја ранија неа.

Коњугација: ранат.

Изведени зборови:

  • ранување, глаг. им. ср.
  • се ~ рани, Самиот себеси си нанесе рана. Јас се ранив во ногата. Тој сам се рани за да си обезбеди алиби.
  • (се) ранува, глаг. несв. (се) рануваат

Оригинални податоци:

рани1, ранат св. 1. Нанесе некому рана. Неа ја ранија во десната рака. Тие смртно го ранија момчето. 2. (прен.) Причини некому душевна болка, страдање. Постојаните неверства ја ранија неа. ● се ~ Самиот себеси си нанесе рана. Јас се ранив во ногата. Тој сам се рани за да си обезбеди алиби. ‖ (се) ранува, (се) рануваат несв. ‖ глаг. им. ранување ср.