рани 2

Глагол, несвршен

Разговорен збор, израз.

Значење на рани:

Станува рано наутро; порани, подрани. Рано ми ранила млада невеста.

Коњугација: ранат.

Изведени зборови:

  • ранење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кој рано рани, две среќи граби ‒ кој станува рано може да заработи, да спечали повеќе.

Оригинални податоци:

рани2, ранат несв. (разг.) Станува рано наутро; порани, подрани. Рано ми ранила млада невеста. ◊ Кој рано рани, две среќи граби ‒ кој станува рано може да заработи, да спечали повеќе. ‖ глаг. им. ранење ср.