раница

Именка, женски род

Значење на раница:

Специјална торба за храна и сл. што се носи на рамо; Полна раница. Празна раница. Носеше раница со храна на грбот.

Множина: раници.

Фразеолошки израз / поговорка:

Празна раница не чува граница ‒ војската треба да биде добро нахранета, задоволна за да ги извршува своите задачи како што треба.

Оригинални податоци:

раница, мн. раници ж. Специјална торба за храна и сл. што се носи на рамо; сп. ранец. Полна раница. Празна раница. Носеше раница со храна на грбот. ◊ Празна раница не чува граница ‒ војската треба да биде добро нахранета, задоволна за да ги извршува своите задачи како што треба.