рапав

Придавка

Значење на рапав:

1. Што е груб, нерамен, што нема мазна површина. Рапава подлога. Рапава површина. Рапав ѕид. Рапави прсти.

2. Засипнат, зарипнат, придушен, нејасен тон, глас, звук и сл. Рапав, застрашувачки глас. Тивки рапави звуци. Рапава кашлица.

3. (прен.) За стил, јазичен израз ‒ груб, необработен, со недостатоци. Рапави изрази. Рапава поезија. Рапав есеј.

Членувана форма: рапавиот.

Изведени зборови:

  • рапаво, прил. Грубо, невнимателно. Таа се закашла рапаво. Зборуваше рапаво и со тивок глас.
  • рапавост, и. ж.

Оригинални податоци:

рапав, рапавиот прид. 1. Што е груб, нерамен, што нема мазна површина. Рапава подлога. Рапава површина. Рапав ѕид. Рапави прсти. 2. Засипнат, зарипнат, придушен, нејасен тон, глас, звук и сл. Рапав, застрашувачки глас. Тивки рапави звуци. Рапава кашлица. 3. (прен.) За стил, јазичен израз ‒ груб, необработен, со недостатоци. Рапави изрази. Рапава поезија. Рапав есеј. ‖ рапаво прил. Грубо, невнимателно. Таа се закашла рапаво. Зборуваше рапаво и со тивок глас. ‖ рапавост ж.