рапорт

Именка, машки род

Значење на рапорт:

1. (воен.) а) Отчет, известување, информација, целосен опис за извршена задача или за определена обврска. Секое утро тој поднесуваше рапорт кај водникот. б) Сослушување кај претпоставен по повик или по свое барање. Тие го повикаа на рапорт. Сега е на рапорт кај генералот.

2. Извештај (писмен или устен) пред претпоставен или на повисока инстанција. Кон крајот на работното време поднесувавме рапорт или извештај кај шефот. Неговите писмени рапорти беа сместени во една папка.

3. (прен., ирон.) Разговор што содржи детални информации за некои случувања или за нешто пред некого. Таа отиде на кафе и на рапорт кај другарките. На неколку дена тетка ми одеше кај мајка ми и ѝ даваше целосен рапорт за мене.

Множина: рапорта, рапорти.

Оригинални податоци:

рапорт, мн. рапорти, избр. мн. рапорта м. 1. (воен.) а) Отчет, известување, информација, целосен опис за извршена задача или за определена обврска. Секое утро тој поднесуваше рапорт кај водникот. б) Сослушување кај претпоставен по повик или по свое барање. Тие го повикаа на рапорт. Сега е на рапорт кај генералот. 2. Извештај (писмен или устен) пред претпоставен или на повисока инстанција. Кон крајот на работното време поднесувавме рапорт или извештај кај шефот. Неговите писмени рапорти беа сместени во една папка. 3. (прен., ирон.) Разговор што содржи детални информации за некои случувања или за нешто пред некого. Таа отиде на кафе и на рапорт кај другарките. На неколку дена тетка ми одеше кај мајка ми и ѝ даваше целосен рапорт за мене.