раса 1

Именка, женски род

Значење на раса:

1. Историски создаден тип луѓе со заеднички телесни и духовни својства, морфолошки, географски и др. особини, со заеднички наследни физички карактеристики што се појавиле со текот на еволуцијата со приспособувањето кон определени средини и што ги издвојуваат од другите (боја на кожата, очи, коса, структура на телото и сл.). Бела раса. Црна раса. Жолта раса. На средбата присуствуваа припадници од сите раси. Формата на косата варира според расата на човекот, а исто така и бојата на очите. Припадници на белата раса.

2. а) Група животни од еден вид (сорта, сој) што си прилегаат според некои особини, сместени според определена категоризација врз основа на заеднички морфолошки, физиолошки и биолошки карактеристики. Раса кучиња. Различни раси говеда. Квалитетот на месото зависи од расата на која ѝ припаѓа свињата. Примитивни раси свињи. Англиски раси свињи. б) Животни што се одликуваат од другите по некои посебни особини; благороден сој добиен со селекција според определени барања, потреби и пропишан стандард. Липицанер е висока раса коњи. Чистокрвна раса.

Множина: раси.

Оригинални податоци:

раса1, мн. раси ж. 1. Историски создаден тип луѓе со заеднички телесни и духовни својства, морфолошки, географски и др. особини, со заеднички наследни физички карактеристики што се појавиле со текот на еволуцијата со приспособувањето кон определени средини и што ги издвојуваат од другите (боја на кожата, очи, коса, структура на телото и сл.). Бела раса. Црна раса. Жолта раса. На средбата присуствуваа припадници од сите раси. Формата на косата варира според расата на човекот, а исто така и бојата на очите. Припадници на белата раса. 2. а) Група животни од еден вид (сорта, сој) што си прилегаат според некои особини, сместени според определена категоризација врз основа на заеднички морфолошки, физиолошки и биолошки карактеристики. Раса кучиња. Различни раси говеда. Квалитетот на месото зависи од расата на која ѝ припаѓа свињата. Примитивни раси свињи. Англиски раси свињи. б) Животни што се одликуваат од другите по некои посебни особини; благороден сој добиен со селекција според определени барања, потреби и пропишан стандард. Липицанер е висока раса коњи. Чистокрвна раса.