расадник

Именка, машки род

Значење на расадник:

1. Простор, градина каде што се одгледуваат растенија за расадување. Во расадникот имаше неколку видови цвеќе. Најсигурен расад е од расадниците.

2. (прен.) Место од каде што постојано се појавува и се шири нешто со определен квалитет. Институтот е расадник на научници македонисти и расадник на македонскиот литературен јазик.

Множина: расадници.

Оригинални податоци:

расадник, мн. расадници м. 1. Простор, градина каде што се одгледуваат растенија за расадување. Во расадникот имаше неколку видови цвеќе. Најсигурен расад е од расадниците. 2. (прен.) Место од каде што постојано се појавува и се шири нешто со определен квалитет. Институтот е расадник на научници македонисти и расадник на македонскиот литературен јазик.