расцепи

Глагол, свршен

Значење на расцепи:

1. Раздели на делови со цепење. Таа го расцепи платното по должина. Тој го расцепи трупецот на неколку парчиња. Тие ја расцепија лубеницата на половина.

2. Нанесе повреди на дел од телото, обично на главата. Тој му ја расцепи главата на детето.

3. (прен.) Разедини организација, партија, колектив и сл. Постојаните несогласувања ја расцепија партијата. Тие го расцепија клубот на неколку помали клубови.

4. (прен.) Раскине со звук. Краток писок ја расцепи тишината. Остар звук го расцепи воздухот.

Коњугација: расцепат.

Изведени зборови:

  • расцепување, глаг. им. ср.
  • се ~ расцепи, 1. Се распука, стане на делови; се искине со цепење. Ѕидовите на куќите се расцепија од силните детонации. Земјата се расцепи од потресите. Чаршафите се расцепија од постојано перење. 2. (прен.) Разедини, раздвои. Партијата се расцепи на неколку ограноци. Државата се расцепи на неколку помали држави.
  • (се) расцепува, глаг. несв. (се) расцепуваат

Оригинални податоци:

расцепи, расцепат св. 1. Раздели на делови со цепење. Таа го расцепи платното по должина. Тој го расцепи трупецот на неколку парчиња. Тие ја расцепија лубеницата на половина. 2. Нанесе повреди на дел од телото, обично на главата. Тој му ја расцепи главата на детето. 3. (прен.) Разедини организација, партија, колектив и сл. Постојаните несогласувања ја расцепија партијата. Тие го расцепија клубот на неколку помали клубови. 4. (прен.) Раскине со звук. Краток писок ја расцепи тишината. Остар звук го расцепи воздухот. ● се ~ 1. Се распука, стане на делови; се искине со цепење. Ѕидовите на куќите се расцепија од силните детонации. Земјата се расцепи од потресите. Чаршафите се расцепија од постојано перење. 2. (прен.) Разедини, раздвои. Партијата се расцепи на неколку ограноци. Државата се расцепи на неколку помали држави. ‖ (се) расцепува, (се) расцепуваат несв. ‖ глаг. им. расцепување ср.