расчисти

Глагол, свршен

Значење на расчисти:

1. Ослободи, исчисти површина од нешто што пречи; среди со чистење. Работниците ги расчистија урнатините. Таа ја расчисти масата. Машините го расчистија патот.

2. Отстрани облаци, магла и сл.; разведри. Ветрот ја расчисти маглата. Ветрот ги расчисти темните облаци.

3. Направи да стане јасно и средено (за поим, за прашање и сл.); разбистри, разјасни. Тие ја расчистија недоумицата. Вечерта го расчистивме и ова прашање.

4. (прен.) Прекине контакт, другарување и сл. Тој расчисти со неа. Таа расчисти со соседите.

5. (прен.) Плати долгови, сметки и сл. Тој ги расчисти сите свои долгови. Таа ги расчисти сметките за телефон и за струја.

Коњугација: расчистат.

Изведени зборови:

  • расчистување, глаг. им. ср.
  • се ~ расчисти, 1. Стане чисто, бистро, се разведри. Времето се расчисти. Облаците се расчистија. 2. Се разјасни, стане јасно. Ситуацијата се расчисти по неколку дена. 3. Чисти, средува со зголемен интензитет. Жените се расчистиле пред Велигден. 4. (прен.) Израмни долгови, сметки меѓусебно. Партнерите се расчистија на суд. Тие се расчистија и сè си поделија.
  • (се) расчистува, глаг. несв. (се) расчистуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Расчисти сметка ‒ 1. се пресмета со некого, се одмазди. 2. среди сметки, врати долгови, се раздолжи. Расчисти пат ‒ отстрани пречки, создаде услови за остварување некаква цел, за извршување некаква работа.

Оригинални податоци:

расчисти, расчистат св. 1. Ослободи, исчисти површина од нешто што пречи; среди со чистење. Работниците ги расчистија урнатините. Таа ја расчисти масата. Машините го расчистија патот. 2. Отстрани облаци, магла и сл.; разведри. Ветрот ја расчисти маглата. Ветрот ги расчисти темните облаци. 3. Направи да стане јасно и средено (за поим, за прашање и сл.); разбистри, разјасни. Тие ја расчистија недоумицата. Вечерта го расчистивме и ова прашање. 4. (прен.) Прекине контакт, другарување и сл. Тој расчисти со неа. Таа расчисти со соседите. 5. (прен.) Плати долгови, сметки и сл. Тој ги расчисти сите свои долгови. Таа ги расчисти сметките за телефон и за струја. ● се ~ 1. Стане чисто, бистро, се разведри. Времето се расчисти. Облаците се расчистија. 2. Се разјасни, стане јасно. Ситуацијата се расчисти по неколку дена. 3. Чисти, средува со зголемен интензитет. Жените се расчистиле пред Велигден. 4. (прен.) Израмни долгови, сметки меѓусебно. Партнерите се расчистија на суд. Тие се расчистија и сè си поделија. ◊ Расчисти сметка ‒ 1. се пресмета со некого, се одмазди. 2. среди сметки, врати долгови, се раздолжи. Расчисти пат ‒ отстрани пречки, создаде услови за остварување некаква цел, за извршување некаква работа. ‖ (се) расчистува, (се) расчистуваат несв. ‖ глаг. им. расчистување ср.