расцвета

Глагол, свршен

Значење на расцвета:

1. Пушти цвет, расцути; процвета целосно или во поголем степен. Јаболкницата расцвета. Сите цвеќиња во градината расцветаа.

2. (прен.) Доживее голема радост, восклик, благосостојба, голем подем. Покрај таков маж таа расцвета. Со новиот закон културата расцвета.

3. (прен., разг.) Пукне, распукне, се скине на неколку места. Чевлите расцветаа по неколку носења.

Коњугација: расцветаат.

Изведени зборови:

  • расцветува, глаг. несв. расцветуваат
  • расцветување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

расцвета, расцветаат св. 1. Пушти цвет, расцути; процвета целосно или во поголем степен. Јаболкницата расцвета. Сите цвеќиња во градината расцветаа. 2. (прен.) Доживее голема радост, восклик, благосостојба, голем подем. Покрај таков маж таа расцвета. Со новиот закон културата расцвета. 3. (прен., разг.) Пукне, распукне, се скине на неколку места. Чевлите расцветаа по неколку носења. ‖ расцветува, расцветуваат несв. ‖ глаг. им. расцветување ср.