расеан

Придавка

Значење на расеан:

1. Глаголска придавка од расее. Семето е расеано од ветрот.

2. (прен.) Што е отсутен, невнимателен, незаинтересиран, заборавен, замајан, занесен. Таа е многу расеана. Расеани слушатели. Расеан човек. Расеан поглед.

3. (прен.) Расфрлан насекаде, на повеќе места, на сите страни. Расеано население. Расеани семејства. Расеани алишта во собата.

Членувана форма: расеаниот.

Изведени зборови:

  • расеано, прил. Отсутно, невнимателно, незаинтересирано. Проговори расеано. Гледаше расеано.
  • расеаност, и. ж.

Оригинални податоци:

расеан, расеаниот прид. 1. Глаг. прид. од расее. Семето е расеано од ветрот. 2. (прен.) Што е отсутен, невнимателен, незаинтересиран, заборавен, замајан, занесен. Таа е многу расеана. Расеани слушатели. Расеан човек. Расеан поглед. 3. (прен.) Расфрлан насекаде, на повеќе места, на сите страни. Расеано население. Расеани семејства. Расеани алишта во собата. ‖ расеано прил. Отсутно, невнимателно, незаинтересирано. Проговори расеано. Гледаше расеано. ‖ расеаност ж.