расече

Глагол, свршен

Значење на расече:

1. Разреже, исече на делови (парчиња) со остро орудие. Тој го расече месото на ситни парчиња. Таа ја расече лубеницата на неколку поголеми делови.

2. Помине со остро орудие по површината на нешто без да одвои делови (парчиња), засече. Тој со нож го расече грбот на момчето. Таа го расече тестото.

3. (прен.) Раздвои, подели. Молскавиците го расекоа небото и почна да врне. Поројот го расече селото на два дела.

Коњугација: (ќе) расечеа , (ќе) расечев , (ќе) расечел , расекле , расекоа , расеков , расекол , расечат , расечен, расечете , расечи .

Изведени зборови:

  • се ~ расече, Самиот себеси се повреди со сечење. Таа се расече на неколку места. Тој се расече од скршеното стакло.
  • (се) расечува, глаг. несв. (се) расечуваат--(се) расекува, (се) расекуваат

Оригинални податоци:

расече, расечат; расечи, расечете; расеков, расекоа; расекол, расекле; (ќе) расечев, (ќе) расечеа; (ќе) расечел; расечен св. 1. Разреже, исече на делови (парчиња) со остро орудие. Тој го расече месото на ситни парчиња. Таа ја расече лубеницата на неколку поголеми делови. 2. Помине со остро орудие по површината на нешто без да одвои делови (парчиња), засече. Тој со нож го расече грбот на момчето. Таа го расече тестото. 3. (прен.) Раздвои, подели. Молскавиците го расекоа небото и почна да врне. Поројот го расече селото на два дела. ● се ~ Самиот себеси се повреди со сечење. Таа се расече на неколку места. Тој се расече од скршеното стакло. ‖ (се) расечува, (се) расечуваат/(се) расекува, (се) расекуваат несв. ‖ глаг. им. расечување/расекување ср.