расее
Значење на расее:
1. Растури, исипе на разни страни. Момчето го расеало житото по патот без да сети. Урната ја расеавме по полето.
2. (прен.) Расели, распрсне на разни страни. Сиромаштијата ги расеа луѓето низ цел свет.
3. (прен.) Одвлече некому внимание. Со нејзиното играње му го расеа вниманието.
Коњугација: (ќе) расеев , (ќе) расееја , (ќе) расеел , расеав , расеаја , расеал , расеан , расеат , расеен, расеј , расејте .
Изведени зборови:
- расејување, глаг. им. ср.
- (се) расева, глаг. несв. (се) расеваат--(се) расејува, (се) расејуваат
- се ~ расее, 1. Се растури, се распрсне на разни страни. Вреќата падна и брашното се расеја по подот. 2. (прен.) Се распрсне, отиде на разни страни. Луѓето се расеаја по светот.
Оригинални податоци:
расее, расеат; расеј, расејте; расеав, расеаја; расеал; расеан; (ќе) расеев, (ќе) расееја; (ќе) расеел; расеен св. 1. Растури, исипе на разни страни. Момчето го расеало житото по патот без да сети. Урната ја расеавме по полето. 2. (прен.) Расели, распрсне на разни страни. Сиромаштијата ги расеа луѓето низ цел свет. 3. (прен.) Одвлече некому внимание. Со нејзиното играње му го расеа вниманието. ● се ~ 1. Се растури, се распрсне на разни страни. Вреќата падна и брашното се расеја по подот. 2. (прен.) Се распрсне, отиде на разни страни. Луѓето се расеаја по светот. ‖ (се) расева, (се) расеваат/(се) расејува, (се) расејуваат несв. ‖ глаг. им. расејување ср.