расфрли

Глагол, свршен

Значење на расфрли:

1. Фрли на разни страни. Таа ги расфрли книгите на масата. Таа ја расфрли својата облека низ собата.

2. (прен.) Растури, запусти; истроши без мерка. Тој бргу ги расфрли парите. Најстариот син го расфрли имотот. Таа го расфрли наследството на луксуз и скапи патувања.

Коњугација: расфрлат.

Изведени зборови:

  • расфрлање, глаг. им. ср.
  • (се) расфрла, глаг. несв. (се) расфрлаат
  • се ~ расфрли, 1. Почне силно, многукратно да фрла (за камен и сл.; во спортот ‒ во фрлачките дисциплини). Во петтата серија тој се расфрли и го сруши светскиот рекорд. Детето се расфрлило со камења. Во второто полувреме гостинските кошаркари се расфрлија. 2. Запусти, уништи, потроши без мерка. Тој се расфрли со парите како да е милионер. Таа се расфрли со имотот. 3. (прен.) Се фали. Момчето се расфрли со неумесни изјави.

Оригинални податоци:

расфрли, расфрлат св. 1. Фрли на разни страни. Таа ги расфрли книгите на масата. Таа ја расфрли својата облека низ собата. 2. (прен.) Растури, запусти; истроши без мерка. Тој бргу ги расфрли парите. Најстариот син го расфрли имотот. Таа го расфрли наследството на луксуз и скапи патувања. ● се ~ 1. Почне силно, многукратно да фрла (за камен и сл.; во спортот ‒ во фрлачките дисциплини). Во петтата серија тој се расфрли и го сруши светскиот рекорд. Детето се расфрлило со камења. Во второто полувреме гостинските кошаркари се расфрлија. 2. Запусти, уништи, потроши без мерка. Тој се расфрли со парите како да е милионер. Таа се расфрли со имотот. 3. (прен.) Се фали. Момчето се расфрли со неумесни изјави. ‖ (се) расфрла, (се) расфрлаат несв. ‖ глаг. им. расфрлање ср.