рашета

Глагол, свршен

Разговорен збор, израз.

Значење на рашета:

1. Прошета, разгледа простор со шетање, шета насекаде и на повеќе места за разонода. За едно попладне го рашетаа дворецот. Откако го рашетаа градот, седнаа да ручаат.

2. Шета некого, носи, води на прошетка. Таа го рашета детето низ дворот. Тие ги рашетаа гостите низ куќата.

Коњугација: рашетаат.

Изведени зборови:

  • рашетување, глаг. им. ср.
  • се ~ рашета, Се прошета насекаде, со шетање разгледа простор. Тој се рашета низ куќата. Децата се рашетаа низ продавниците во центарот на градот.
  • (се) рашетува, глаг. несв. (се) рашетуваат

Оригинални податоци:

рашета, рашетаат св. (разг.) 1. Прошета, разгледа простор со шетање, шета насекаде и на повеќе места за разонода. За едно попладне го рашетаа дворецот. Откако го рашетаа градот, седнаа да ручаат. 2. Шета некого, носи, води на прошетка. Таа го рашета детето низ дворот. Тие ги рашетаа гостите низ куќата. ● се ~ Се прошета насекаде, со шетање разгледа простор. Тој се рашета низ куќата. Децата се рашетаа низ продавниците во центарот на градот. ‖ (се) рашетува, (се) рашетуваат несв. ‖ глаг. им. рашетување ср.