рашири

Глагол, свршен

Значење на рашири:

1. Направи нешто да стане пошироко. Рашири пат. Тој со раце ја рашири оградата и влезе во дворот. Девојчињата го раширија ластикот. Рашири влез.

2. Отвори ширум, раздвои (раце, нозе, крилја и сл.). Таа ги рашири рацете и ме гушна. Галебот ги рашири крилјата и полета.

3. Протегне, простре, пружи. Таа го рашири платното и почна да го крои. Тој го рашири весникот на масата.

4. Зголеми по број, по обем, распространи. Тие ја раширија продажната мрежа надвор од државата. Болните го раширија вирусот.

5. Разгласи. Таа раширила информација дека сме сиромашни.

6. Направи нешто да стане поопширно. Професорот ја рашири темата на своето кажување.

Коњугација: рашират.

Изведени зборови:

  • раширување, глаг. им. ср.
  • се ~ рашири, 1. Стане поширок, зголеми по површина (тело, снага, конкретен предмет и сл.). Градите му се раширија на момчето од многу вежбање. Блузата малку се рашири по првото перење. 2. Стане посилен, се зголеми по број или по обем. Фабриката се рашири и има погони низ целата земја. Партијата се рашири. 3. Се распространи. Тажната вест бргу се рашири. Колерата се рашири во областа. 4. Се смести во пошироко живеалиште. Тие се раширија во новата куќа. Во новиот објект вработените се раширија, секој имаше своја просторија.
  • (се) раширува, глаг. несв. (се) рашируваат

Оригинални податоци:

рашири, рашират св. 1. Направи нешто да стане пошироко. Рашири пат. Тој со раце ја рашири оградата и влезе во дворот. Девојчињата го раширија ластикот. Рашири влез. 2. Отвори ширум, раздвои (раце, нозе, крилја и сл.). Таа ги рашири рацете и ме гушна. Галебот ги рашири крилјата и полета. 3. Протегне, простре, пружи. Таа го рашири платното и почна да го крои. Тој го рашири весникот на масата. 4. Зголеми по број, по обем, распространи. Тие ја раширија продажната мрежа надвор од државата. Болните го раширија вирусот. 5. Разгласи. Таа раширила информација дека сме сиромашни. 6. Направи нешто да стане поопширно. Професорот ја рашири темата на своето кажување. ● се ~ 1. Стане поширок, зголеми по површина (тело, снага, конкретен предмет и сл.). Градите му се раширија на момчето од многу вежбање. Блузата малку се рашири по првото перење. 2. Стане посилен, се зголеми по број или по обем. Фабриката се рашири и има погони низ целата земја. Партијата се рашири. 3. Се распространи. Тажната вест бргу се рашири. Колерата се рашири во областа. 4. Се смести во пошироко живеалиште. Тие се раширија во новата куќа. Во новиот објект вработените се раширија, секој имаше своја просторија. ‖ (се) раширува, (се) рашируваат несв. ‖ глаг. им. раширување ср.