расипан

Придавка

Значење на расипан:

1. а) Што не може да се употреби, што не работи, на кој нешто му недостига. Расипан мотор. Расипан телевизор. б) Што не е за употреба, што ги изгубил нужните својства за употреба, загаден, содржи штетни материи, не треба да се користи. Расипана храна. Расипано млеко. Расипано месо.

2. Што не е здрав, што предизвикува болка. Расипани заби. Расипан стомак.

3. (прен.) Непријатен, уништен, неправилен. Расипани односи. Расипана веселба.

4. (прен.) Нечесен, морално пропаднат, неморален. Расипан човек. Расипана жена. Расипана фамилија. Расипан свет.

Членувана форма: расипаниот.

Изведени зборови:

  • расипано, прил. Неморално. Дејствуваше расипано и подло.
  • расипаност, и. ж. Таква расипаност не сум видел.

Оригинални податоци:

расипан, расипаниот прид. 1. а) Што не може да се употреби, што не работи, на кој нешто му недостига. Расипан мотор. Расипан телевизор. б) Што не е за употреба, што ги изгубил нужните својства за употреба, загаден, содржи штетни материи, не треба да се користи. Расипана храна. Расипано млеко. Расипано месо. 2. Што не е здрав, што предизвикува болка. Расипани заби. Расипан стомак. 3. (прен.) Непријатен, уништен, неправилен. Расипани односи. Расипана веселба. 4. (прен.) Нечесен, морално пропаднат, неморален. Расипан човек. Расипана жена. Расипана фамилија. Расипан свет. ‖ расипано прил. Неморално. Дејствуваше расипано и подло. ‖ расипаност ж. Таква расипаност не сум видел.