расипе 1

Глагол, свршен

Значење на расипе:

1. а) Доведе во неисправна состојба. Децата го расипаа телевизорот. Тој го расипа компјутерот. б) За храна ‒ стане неупотреблива. Топлото време ја расипа храната. Високите температури го расипаа млекото.

2. Наруши, влоши, растури. Таа ми го расипа расположението. Тој им го расипа задоволството. Овој настан ми го расипа викендот. Тој им ја расипа играта.

3. (разг.) За пари ‒ разбие, размени во поситни банкноти. Тој расипа сто евра и им даде по педесет.

4. (прен.) Изврши лошо влијание врз некого. Парите и моќта го расипаа. Ноќниот живот го расипа девојчето. Тој го расипа синот.

5. (прен., разг.) Се смени времето, направи да стане студено. Ти го расипа времето со кусите ракави.

Коњугација: (ќе) расипеа , (ќе) расипев , (ќе) расипел, расипаа , расипав , расипал , расипан , расипат , расипете , расипи .

Изведени зборови:

  • расипување, глаг. им. ср.
  • се ~ расипе, 1. Дојде, се доведе во неисправна, неупотреблива положба. Компјутерот се расипа. Миксерот се расипа. Млекото се расипа. Целата храна се расипа. 2. Пропадне морално, стане лош, се измени кон лошо. И таа се расипа, почна многу да озборува. 3. За време ‒ стане лошо. Времето се расипа, почна многу да врне.
  • (се) расипува, глаг. несв. (се) расипуваат

Оригинални податоци:

расипе1, расипат; расипи, расипете; расипав, расипаа; расипал; расипан; (ќе) расипев, (ќе) расипеа; (ќе) расипел св. 1. а) Доведе во неисправна состојба. Децата го расипаа телевизорот. Тој го расипа компјутерот. б) За храна ‒ стане неупотреблива. Топлото време ја расипа храната. Високите температури го расипаа млекото. 2. Наруши, влоши, растури. Таа ми го расипа расположението. Тој им го расипа задоволството. Овој настан ми го расипа викендот. Тој им ја расипа играта. 3. (разг.) За пари ‒ разбие, размени во поситни банкноти. Тој расипа сто евра и им даде по педесет. 4. (прен.) Изврши лошо влијание врз некого. Парите и моќта го расипаа. Ноќниот живот го расипа девојчето. Тој го расипа синот. 5. (прен., разг.) Се смени времето, направи да стане студено. Ти го расипа времето со кусите ракави. ● се ~ 1. Дојде, се доведе во неисправна, неупотреблива положба. Компјутерот се расипа. Миксерот се расипа. Млекото се расипа. Целата храна се расипа. 2. Пропадне морално, стане лош, се измени кон лошо. И таа се расипа, почна многу да озборува. 3. За време ‒ стане лошо. Времето се расипа, почна многу да врне. ‖ (се) расипува, (се) расипуваат несв. ‖ глаг. им. расипување ср.