раска

Именка, женски род

Значење на раска:

1. Ситен мал дел, парче од нешто. Во воздухот летаа раски. Ситни раски. Една раска од песокта ми влезе во окото.

2. (прен.) Малкуцка, многу мал дел. Една раска надеж да ми даде. Раска среќа. Раска љубов.

Множина: раски.

Фразеолошки израз / поговорка:

Раска в очи ‒ пречи некому. Во туѓо око раска гледа, во свое бивол (греда) не гледа ‒ преувеличување на својата мака за сметка на туѓа; кај другите ги следи најситните грешки, а кај себе и најголемата не ја гледа.

Оригинални податоци:

раска, мн. раски ж. 1. Ситен мал дел, парче од нешто. Во воздухот летаа раски. Ситни раски. Една раска од песокта ми влезе во окото. 2. (прен.) Малкуцка, многу мал дел. Една раска надеж да ми даде. Раска среќа. Раска љубов. ◊ Раска в очи ‒ пречи некому. Во туѓо око раска гледа, во свое бивол (греда) не гледа ‒ преувеличување на својата мака за сметка на туѓа; кај другите ги следи најситните грешки, а кај себе и најголемата не ја гледа.