раскапе

Глагол, свршен

Значење на раскапе:

Раздроби, разбие, стори да биде на делови, раскрши, претепа. Тој ги раскапа штиците. Тие му ја раскапале главата. Го раскапале од ќотек.

Коњугација: (ќе) раскапеа , (ќе) раскапев , (ќе) раскапел, раскапаа , раскапав , раскапал , раскапан , раскапат , раскапете , раскапи .

Изведени зборови:

  • раскапување, глаг. им. ср.
  • се ~ раскапе, 1. Се распадне, стане гнило до распаѓање. Старите греди се раскапаа. Мебелот се раскапа. Праските се раскапаа несобрани. 2. (прен.) Се снемошти, стане немоќен. Се раскапавме од чекање. Се раскапаа од седење. Таа се раскапала од работа.
  • (се) раскапува, глаг. несв. (се) раскапуваат

Оригинални податоци:

раскапе, раскапат; раскапи, раскапете; раскапав, раскапаа; раскапал; раскапан; (ќе) раскапев, (ќе) раскапеа; (ќе) раскапел св. Раздроби, разбие, стори да биде на делови, раскрши, претепа. Тој ги раскапа штиците. Тие му ја раскапале главата. Го раскапале од ќотек. ● се ~ 1. Се распадне, стане гнило до распаѓање. Старите греди се раскапаа. Мебелот се раскапа. Праските се раскапаа несобрани. 2. (прен.) Се снемошти, стане немоќен. Се раскапавме од чекање. Се раскапаа од седење. Таа се раскапала од работа. ‖ (се) раскапува, (се) раскапуваат несв. ‖ глаг. им. раскапување ср.