раскашави

Глагол, свршен

Значење на раскашави:

1. Направи нешто да биде меко како каша. Таа го раскашави гравот. Работниците го раскашавија цементот.

2. (разг.) Морално падне, изгуби сила и верба. Првото полувреме и слабата игра ги раскашавија фудбалерите. Нејзините зборови го раскашавија момчето.

Коњугација: раскашават.

Изведени зборови:

  • раскашавување, глаг. им. ср.
  • се ~ раскашави, 1. Стане како каша. Гравот се раскашави од долгото варење. 2. За пат, за почва и сл. ‒ стане каллив. Улицата се раскашави. Земјата се раскашави. 3. За време ‒ омекне, не е толку студено, стане влажно, врнежливо. По два дена се раскашави времето. 4. (прен.) Избега од контрола, попушти, се разводни. Нивниот план се раскашави.
  • (се) раскашавува, глаг. повт. (се) раскашавуваат

Оригинални податоци:

раскашави, раскашават св. 1. Направи нешто да биде меко како каша. Таа го раскашави гравот. Работниците го раскашавија цементот. 2. (разг.) Морално падне, изгуби сила и верба. Првото полувреме и слабата игра ги раскашавија фудбалерите. Нејзините зборови го раскашавија момчето. ● се ~ 1. Стане како каша. Гравот се раскашави од долгото варење. 2. За пат, за почва и сл. ‒ стане каллив. Улицата се раскашави. Земјата се раскашави. 3. За време ‒ омекне, не е толку студено, стане влажно, врнежливо. По два дена се раскашави времето. 4. (прен.) Избега од контрола, попушти, се разводни. Нивниот план се раскашави. ‖ (се) раскашавува, (се) раскашавуваат повт. ‖ глаг. им. раскашавување ср.