раскаже

Глагол, свршен

Значење на раскаже:

1. а) Усно изложи, соопшти нешто (настан, случка и сл.). Таа ни раскажа што се случило. Тој ми го раскажа сонот. Девојчето раскажа една случка. б) Со свои зборови (усно или писмено) искаже, пренесе текст. Таа расакажа три долги приказни. Тој ја раскажа лекцијата.

2. Даде гласност на нешто, разгласи, пренесе нешто измислено или чуено. Раскажал по пријатели дека се разведуваат. Раскажала по другарките дека не го сака момчето. Старата сè раскажала по соседите.

3. (книж.) Посведочи за нешто што се случило со својот изглед. Овој мост раскажува за нашата историја. Градот раскажува за војните и невремињата. Стариот даб раскажува за нивната голема љубов.

Коњугација: (ќе) раскажев , (ќе) раскажел, раскажаа , раскажав , раскажал , раскажан , раскажат , раскажете , раскажи .

Изведени зборови:

  • раскажување, глаг. им. ср.
  • се ~ раскаже, 1. Се расприкаже, се занесе во зборување со (на) некого. Се раскажале така цела ноќ дури до зори. 2. Се разгласи, се прочуе надалеку. Се раскажало низ градот дека тој е многу богат.
  • (се) раскажува, глаг. несв. (се) раскажуваат

Оригинални податоци:

раскаже, раскажат; раскажи, раскажете; раскажав, раскажаа; раскажал; раскажан; (ќе) раскажев, (ќе) раскажел св. 1. а) Усно изложи, соопшти нешто (настан, случка и сл.). Таа ни раскажа што се случило. Тој ми го раскажа сонот. Девојчето раскажа една случка. б) Со свои зборови (усно или писмено) искаже, пренесе текст. Таа расакажа три долги приказни. Тој ја раскажа лекцијата. 2. Даде гласност на нешто, разгласи, пренесе нешто измислено или чуено. Раскажал по пријатели дека се разведуваат. Раскажала по другарките дека не го сака момчето. Старата сè раскажала по соседите. 3. (книж.) Посведочи за нешто што се случило со својот изглед. Овој мост раскажува за нашата историја. Градот раскажува за војните и невремињата. Стариот даб раскажува за нивната голема љубов. ● се ~ 1. Се расприкаже, се занесе во зборување со (на) некого. Се раскажале така цела ноќ дури до зори. 2. Се разгласи, се прочуе надалеку. Се раскажало низ градот дека тој е многу богат. ‖ (се) раскажува, (се) раскажуваат несв. ‖ глаг. им. раскажување ср.